Во националниот парк “Пелистер“

РАБОТИЛНИЦА ЗА ПАРКОВИТЕ ОД СЛОВЕНИЈА ДО МАКЕДОНИЈА

np-pelister
  Националниот парк Пелистер е домаќин на проектниот тим на „Парковите на Динарската верига“, со цел, со претставниците на засегнатите страни, или субјектите кои вон и во Паркот имаат дејности, кои се обавуваат во содејство со паркот, со намера тие да ги искажат и ситематизираат своите гледања за тоа кои се вредностите на Наионалниот парк Пелистер и како тие да им бидат доближени на јавноста.
Воведното излагање одржа претставникот на WWF, Дени Пореј, кој ги запозна присутните за значењето на проектот „Парковите на Динарската верига“ и со методологијата по која се работеше на работилницата. Методологијата е унифицирана за сите паркови од Динарската верига која опфаќа национални паркови и заштитени подрачја од Словенија, преку сите поранешни држави од бивша Југославија и Албанија, односно сите оние каде има протегање на динарскиот планински венец.
  Оваа работилница е дел од Студиското патување низ Косово и Македонија, организирано за Парковите од Динарската верига, во рамките на кое беа посетени: Националниот парк Шар Планина во Косово и Националните паркови Маврово, Галичица и Пелистер во Македонија. Во рамките на таа посета околу 30 претставници на парковите од Словенија, Хрватска, Босна и Херцеговина, Република Српска, Србија, Косово, Црна Гора, Македонија и Албанија при посетата на Националниот парк Пелистер се запознаа со убавините и знаменитостите на паркот, го посетија Ластојчин Камен и старата моликова шума, па потоа по Историската патека се запознаа со настаните од Првата светска војна на овие простори.
Гостите беа поздравени од државнот секретар на Министерството за животна средина и просторно планирање на РМ, д-р Соња Лепиткова и  директорот на НП Пелистер,  Амет Аџиу.

Времето во Битола

Фото на денот

Контактирај со уредникот

Ваша Е-пошта:
Предмет на пораката:
Порака:

Фото галерии