Во ЈОУДГ „Естреаја Овадија Мара“

ОДБЕЛЕЖАН ДЕНОТ НА ПРОЛЕТТА

prolet 1

 Децата од постарата предучилишна возрастод 4-6години и вработените од сите градинки од јавната установа детски градинки го одбележаа денот на пролетта со повеќе настани.

 Децата од сите градинки тргнаа на дефиле до центарот на градот до плоштадот “Магнолија“ и “Гоце Делчев“ со изработени цветни венчиња, а дефилето беше проследено со песни за пролетта.

Во градинката Пролет и најмалите оние од 2 години ја пречекаа пролетта во дворот на градинката.

 За оваа активност директорката Лидија Петровска рече:

 -Целта на ваквите активности е запазување на датата кога пристигнува пролетта, чувствување на метереолошките промени во природата и будење чувства кон годишното време пролет, бидејќи според многумина пролетта е најубавото годишно време. Ме радува тоа што сите наши дечиња активно се одзваа и покажаа многу креативност.

Времето во Битола

Фото на денот

Контактирај со уредникот

Ваша Е-пошта:
Предмет на пораката:
Порака:

Фото галерии